Газдата на „Секјуриком“: За пари ми ветија слобода!

Газдата на „Секјуриком“: За пари ми ветија слобода!
23.10.18   12:12

Прочитано : 1,917

Print This Article
loading...

Скандалот „Секјуриком“ и понатаму се провлекува под радарот на јавноста, иако овој корупциски случај во меѓувреме доби нови и по малку филмски димензии.

За скандалот БИРН пишуваше уште пред три години. Сомнежот е дека директорот на владината Служба за општи и заеднички работи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Доневски незаконски подготвил терен само „Секјуриком“ да учествува на тендерот и така без пречки да дојде до бизнисот вреден повеќе од 10 милиони евра.

Тоа се случило во 2015.

Истражните власти проценија дека Владата би заштедила некаде околу четири милиони евра за хигиена, доколку имало конкуренција на тендерот.

Се чинеше дека со обвинението за Доневски и за газдата на „Секјуриком“, Австриецот Волфган Гампер случајот ќе заврши таму каде што му е местото, во судница, меѓутоа сведоци сме на неочекуван расплет.

Васе Доневски замина во Шутка, па го пуштија во домашен притвор, додека на Австриецот Гампер му го земаа пасошот, ама остана на слобода, што е невообичаено кога странец е вториот осомничен во крупна криминална афера.

Затоа никој не се изненади што во август Гампер избега од државава, наместо рутински да се пријави во скопскиот суд.

Сторијата на БИРН во целост прочитајте ја тука

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести