Гаспар Ное – режисер роден да провоцира (и кој сака да го мразат)

Гаспар Ное – режисер роден да провоцира (и кој сака да го мразат)
20.04.19   14:54

Прочитано : 199

Print This Article
Неговите филмови се нарекувани „комплетно моронски“ и „супериорни и нихилистички“. Со неговиот последен филм не успеа во намерата гледачите да го мразат.

Гаспар Ное создава оној вид филмови што можат да доведат до раскинување на врска. Да речеме дека сте поканиле некој, заедно да го погледнете првиот голем филм на францускиот режисер, „Irréversible”.

Овој филм предизвика возбуда и контроверзни реакции во Кан, 2002 година, а се проширија гласини дека дури 250 луѓе ја напуштиле проекцијата. Други, пак се онесвестиле. А кога повторно се освестиле, сепак ова остварување го окарактеризирале како смело и оригинално.

Така, вие и вашата симпатија се подготвувате да гледате нешто фино и трансгресивно…И во рок од неколку минути, гледате како на човек му го дробат лицето со апарат за гасење пожар, а неколку сцени подоцна, силуваат жена цели 10 минути. До крајот на филмот повторно сте сингл.

Или да речеме дека вие и вашиот пријател сте решиле, со кесичка халуциногена дрога, да го погледнете истражувањето на Ное за задгробниот живот, „Enter the Void” (2010), снимено од перспектива на млад Американец, дилер, пред и по пукањето во кое загинува во еден бар во Токио.

Цели 150 минути гледате низ неговите очи кога лебди како дух низ секс клубовите во јапонскиот главен град. Звучи како трип! Но по втората или третата халуцинација, а особено по сцената со абортираниот фетус, вие и вашиот пријател, веќе не сте пријатели.

Тешко е и да се замисли дека некого може да убедите заедно да го гледате филмот на Ное „Љубов“. Во него нема ништо гозоморно, но содржи навистина многу секс. Со вистинска пенетрација.

Што нè доведува до филмот „Климакс“, новото остварување на аргентинскиот режисер. До моментот на неговото појавување, критиката го поздравуваше новиот филм на Ное со мешавина на очекување и морничавост, а откако беше прикажан филмот, тешко е да се кажи дали филмот навистина им се допадна.

Неговите филмови се нарекувани „комплетно моронски“ и „супериорни и нихилистички“. Ное сака да го мразат, па делуваше како некаква шега кога на премиерата на новиот филм во Кан ја закажа во 8,30 часот наутро во сабота, притоа одбивајќи и да објасни за што се работи во филмот.

Меѓутоа, овојпат изненаден беше самиот Ное.

„Климакс“ е некој вид денсхол мјузикл. Краток е и едноставен. Прво, тука е возбудливата проба за танц во напуштен интернат придружена со музиката на „Daft Punk“ и „Aphex Twin“, потоа бавно нуркање во ноќната мора на журката која тргнала наопаку – алегориска визија на убавината и хармонијата проследена со целосен колапс на општеството.

Тоа утро во Кан, речиси на сите им се допадна филмот. Речиси никој не ја напушти проекцијата.

Ноe бил потиштен. Сепак, сега 55-годишниот Ное учи да ја види светлата цтрана на фактот дека луѓето може и да уживаат во неговите филмови. Во таа смисла, „Климакс“ е прв.

Првично, филмот почнал да се снима како документарец за уличните танчери и единствениот филм на Ное кој има среќен почеток. Група улични танчери, главно аматерски актери, освен ѕвездата на „Kingsman”, Софија Бутела, која и самата е танчерка, се собираат за да ја вежбаат новата кореографија.

Сцената е како од класичните мјузикли, но она што ја прави единствена е што во неа се јавува чувството својствено за филмовите на Ное, некакво наслутување дека ќе се случи нешто страшно.

И тоа навистина се случува. Мистериозна личност ќе ја затруе сангријата, еден човек ја удира Бутела и веќе стануваме нервозни. Една жена уринира директно на танцовиот подиум и знаеме дека се подготвува нешто. Синот на една од танчерките, можеби осумгодишен му приоѓа на садот со сангрија и нè фаќа паника.
„Реакцијата што не ја очекував – многумина мои пријатели кои се вистински животни за журки, од проекцијата излегоа тоатално депресивни, се потсетува Ноа. „Тие ми рекоа: морам да си одам дома, токму сега ме потсети на најлошите моменти во мојот живот“.

А тој се насмевнува, како сето тоа да го забавува, потоа крева раменици и вели: „Тоа е само филм“.

Слично како „Eraserhead” на Линч, инаку еден од омилените филмови на Ное, „Климакс“ е напишан со јазикот на ноќните мори, но потоа излегувате и чисти сте.

Ное е создаден да провоцира. Тој е роден во Буенос Аирес и е син на славе аргентински сликар, живеел на Менхетн до својата петта година и има многу убави сеќавања како од терасат мокрел врз минувачите.

Дури и пред сите да земат ЛСД, „Климакс“ е како треска, а дрогата е чиста кинетичка енергија што ја создаваат танчерите, правејќи го она што го сакаат. Пред финалет, на екранот се појавуваат зборовите: „Животот е колективна невозможност“.
„Овој филм го докажува спротивното“, вели Ное.

„Климакс“ вечера во 22 часот можете да го гледате во киното Фросина како дел од програмата на Скопје филм фестивал.

Девин Гордон

Извор: The New York Times

превод: ОКНО

  Категории: