Гардијан: Мал одѕив на демонстрациите во Атина, присутните дојдени главно од северна Грција

Гардијан: Мал одѕив на демонстрациите во Атина, присутните дојдени главно од северна Грција
20.01.19   22:44

Прочитано : 685

Print This Article

Стоте илјади демонстранти во Атина дојдоа со авиони, автобуси и ферибродови од секаде. Меѓу нив имаше и Грци од дијаспората, кои долетаа дури и од САД, и монаси од монашката заедница на Света Гора, но најголем дел беа донесени со автобуси од северот на земјата, вели Гардијан. На контрамитингот одржан во близина, пак, велат: „Национализмот е големо проклетство“.

Од очекуваните 600.000 до 1 милион, најмногу 100.000 Грци се собраа денеска во Атина за да демонстрираат против договорот за промена на името на Република Македонија, неколку дена пред парламентот да гласа за договорот.

Организаторите се надеваа дека ќе привлечат околу 600.000 демонстранти, вели Гардијан, за да извршат притисок врз владата да одржи референдум за договорот, но одѕивот излезе многу помал од тоа, според полицијата.

повеќе

  Категории: