ГАЛЕРИЈА: Најужасните (и прекрасни) претстави на пеколот во историјата на западната уметност (прв дел)

ГАЛЕРИЈА: Најужасните (и прекрасни) претстави на пеколот во историјата на западната уметност (прв дел)
8.11.18   21:41

Прочитано : 276

Print This Article
loading...

Данте Алигиери и неговата гротескно-феноменална имагинација за „Пеколот“ резултираше со неверојатни описи на девете круга на пеколот кои беа, и се уште се инспирација за сликарите и уметниците, независно од периодот,  уметничкиот и индивидален стил, правец, политичка ангажираност на уметноста….

Подолу, серија од клучните ликовни претстави на пеколот од времето на Данте до денес.

 

1.„Страшниот суд“ , Ѓото, 1307 година

Фирентинскиот сликар Ѓото бил особено талентиран  за драматичното. Како и повеќето уметници кои работеле во почетокот на 14 век, првично сликал фрески за приватните капели на богати семејства. Сепак неговите слики се уникатни: библиските ликови не се рамни и стилизирани како оние од византиско фрескосликарство. Наместо тоа, тука изразуваат жестоки човечки емоции.

Ова никаде во неговото дело не е поочигледно отколку во капелата Скровењи во Падова. Во задниот дел на параклисот се наоѓа една од најимпресивните претстави на Страшниот суд во историјата на уметноста генерално, приказна инаку опишана во Новиот завет кога, на крајот на светот, Бог ги води на небото оние кои не грешеле или ги прогонува грешниците во пеколот. Религиозниот текст не остава многу индиции за тоа како пеколот би можел да изгледа, така што Ѓото го создава инспириран од претходните уметнички интерпретации, но и сопствената богата фантазија.

Во долниот десен агол на фреската, чудовиште со рогови (најверојатно Ѓаволот) стои на портите на пеколот, ги распарчува и голта, а потоа ги повраќа грешниците. Такви сурови и невообичаени казни има во различни варијанти.

Голи мажи и жени се влечени во пеколот од страшни црни демони, каде што ги печат, ги набиваат на колци или ги закопуваат во длабоки јами. Самиот Данте најверојатно ја гледал и анализирал фреската на Ѓото.  Според историчарот и уметник Џорџо Васари, двајцата биле “драги пријатели”. Данте почнал да ја пишува „Божествената комедија“ во истиот период кога Ѓото сликал во капелата Арена.

2. „Страшниот суд“, Јан ван Ајк

Работејќи во Холандија повеќе од 100 години по Ѓото, Јан ван Ајк ја создал својата верзија на „Страшниот суд“ на десната половина од диптих кој вклучува и слика на Распетието. Оваа претстава на пеколот кураторката на Метрополитен музејот, Мериан В. Ајнсворт, ја нарече “ѓаволски пронајдок”.
Под испружените раце на џиновски и заканувачки скелет паѓа група „проклети“ душа, секој осуден на различна на казна. Во еден агол човек вреска во болка, распарчен од змија.
На друго место, демон (половина череп со остри заби, половина јагуар) гризе друго тело. Ајнсворт сцената ја опишува како „какофоночна“ низ која речиси може да се слушнат звуците на болката: “Пукањето и кршењето на коските, крцкањето на забите на чудовиштата неуморни во нивната потрага по грешници”.

3.   „Болката на Пеколот“ и „Страшниот суд“, Фра Анџелико, (околу 1430) 

Постхумно неговите ученици го нарекле “Сликарот на ангелите”, доминиканскиот монах Фра Анџелико, познат како Фра Џовани за време на неговиот живот, иронично, бил познат само по неколку ликовни претстави на пеколот.
Неговата, веројатно најужасна претстава на пеколот, е дел од фреска на која е прикажан„Страшниот суд“, првично создадена за базиликата Санта Марија дељи Анџели во Рим (а во моментов изложена во Музејот на Сан Марко во Фиренца).

Овде, уметникот е инспириран од Данте, визулизирајќи го пеколот како мрачна пештера, каде што грешниците се групирани според нивните гревови. На пример, оние чиј грев е  алчноста се осудени во грлото вечно да им истураат топено злато, додека оние кои животот го минале во гревот на лутинате се осудени на вечна борба.
Во подножјето на огнената јама, Луцифер јаде човечки тела додека се во капе течност од стопени души, која ја мешаат неколку демони.

 

4.„Градината на земните задоволства“ Херонимус Бош

Не може да има дискусија за пеколот без ликовните претстави на Херонимус Бош, чие ремек-дело „Градина на земните задоволства“ со славата му конкурира и на Пеколот на Данте. Холандскиот сликар почнал да слика во средината на 1400-тите години во периодот на Реформацијата, кога христијаните почнале да го толкуваат зборот на Бог за себе, назависно од Црквата како посредник. Бош го инкорпорирал овој пристап во неговото сликарство, прикажувајќи ги рајот и пеколот низ „хаотични“ комплицирани сцени, како такви во контрадикција со манирот на тогаш современото холандско сликарство.

Наместо огнени и длабоки јами, Бош го прикажува пеколот како бучно бојно поле преполно со страшни, надреалистични суштества кои уживаат во тортура на човековите противници. Неговата слава во сликарството во голема мера се должи на зголемувањето на бројот на неверојатно чудните детали: распарчена нога виси како награда на шлемот на главата на птица-чудовиште; Другите грешници се како жици растегнати на инструменти на кои демоните свират, или пак се изедени а потоа дефецирани од страна на демоните.

 

5. Лудата Грета“, Питер Бројгел Постариот (1561)

Во фокусот на ова дело е Лудата Грета, фолклорен лик, водачка на армија жени во обид да ги порази демоните. Нејзината сила е потенцирана преку нејзината физична големина, таа е поголема од нејзините сонародници, но и од и нејзините противници. Бројгел го претставува подземниот свет како морничава фузија на фантазијата и реалноста. Грета се чини дека трча кон огромната “уста на пеколот”. Некои историчари на уметноста ја толкуват оваа сцена како приказ на предрасудите и перспективите во однос на родот во Холандија во 16 век. Во книгата на поговорки од 1568 година стои: “Една жена прави дупка, две жени прават проблем, три прават панаѓур, четири кавга, пет војска, а против шест самиот Ѓавол е немоќен”. На овој начин, сликата може да се чита како приказ на женската моќ. При што низ перспективата на нејзината лудост се поставува прашањето дали се впуштила во невозможна мисија, дали е потполно неразумна, дали само низ лудоста може да се ослободи или е само надчовечки храбра да застане очи во очи со самиот  Ѓавол?

6.Вилијам Блејк, Казнувањето на крадците (1824-27)

Додека меките нијанси и линии на овој акварел од британскиот уметник Вилијам Блејк не врескаат “пекол”,  поблизок поглед открива исклучително тешка форма на страдање. Блејк илустрира сцена од „Пеколот “ на Данте и ја избира конкретната епизода бидејќи низ неа ја отсликува политичката и социјалната клима во Англија која ја доживува како, единствено, израз на алчност. Овде, Блејк слика како змии ги гризат, продупчуваат и ползат низ телата на крадците кои, тонејќи под вода, залудно бараат спас за својата душа.

(…)
извор: Artsy
превод: Либертас

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести