ГАЛЕРИЈА: Ана Ивановиќ со фотографија и Instagram порака објави дека е бремена со второто дете со Швајнштајгер

ГАЛЕРИЈА: Ана Ивановиќ со фотографија и Instagram порака објави дека е бремена со второто дете со Швајнштајгер
25.05.19   10:40

Прочитано : 549

Print This Article

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер имаат за што да се радуваат. Славните спортисти го очекуваат второто дете.

Поранешната тенисерка ја сподели радосната вест на Instagram со фотографија на која се наредени четири пара патики и порака: „Срцата ни прскаат од радост. Ќе имаме уште едно мало дополнување на нашето семејство! Две под две години“.

„Исполнети сме со љубов и среќа. Едвај го чекаме нашиот најнов член на семејството. Те сакам @anaivanovic 3+1=31“ – напиша популарниот фудбалер.

Ана Ивановиќ и Бастијан ШвајнштајгерАна Ивановиќ и Бастијан ШвајнштајгерАна Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

31-годишната Србинка и 34-годишниот Германец стапија во брак во јули 2016 година во Венеција, а во март минатата година го добија синчето Лука.

Ана Ивановиќ и Бастијан ШвајнштајгерАна Ивановиќ и Бастијан ШвајнштајгерАна Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

За мајчинството, таа има изјавено: „Сметам дека мајчинството комплетно ти го менува животот, твоите перспективи. Сè ти станува секундарно и приоритет ти е детето. Благословена сум што го искусив тоа. Сметам дека се заљубуваш во твоето дете сè повеќе и повеќе секој ден. Многу сум возбудена и среќна. Тој е сè уште мал, но ние уживаме во секој изминат ден и се запознаваме еден со друг.“

Фемина

  Категории:
view more articles

Актуелно