(ГАЛЕРИЈА) Трчај бе: како и Битола станува град на трчачи

(ГАЛЕРИЈА) Трчај бе: како и Битола станува град на трчачи
23.08.19   19:16

Прочитано : 394

Print This Article

Трчај бе е првата градска трка која ќе и се случи на Битола на 15-ти септември. Иницијатор е истоимената организација Трчај бе – група на неколку луѓе успешни во своите професии, но не се професионални спортисти. Она што ги поврзува е желбата за трчање.

„Ние не сме атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри. Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот.” велат од Трчај бе.

И така стартуваа, за денес на помалку од месец дена од трката освен рекреативни трчачи, за трката се пријави и атлетскиот крем на Македонија, така што во Битола ќе имаме и забава, но и вистински натпревар помеѓу атлетската елита.

Тимот на Трчај бе искуства собирале од слични иницијативи и организатори на настани, поврзани со трчањето во држава и во странство. Во јануари 2019 ја откриваат идејата пред јавноста и ја започнуваат кампњатата за овој спортски настан кој ќе ја растрча конечно и Битола.
„Да трчаш не е само по себе цел. Денес заборавивме да се движиме. Многу седиме, во автомобил, автобус, на работа, дома пред ТВ или компјутер или отсутни гледајќи го екранот од нашите смарт телефони. Потребно е да се потсетиме што значи движењето на животот. Сите луѓе се родени да трчаат.“ додаваат од Трчај бе.

Трчај бе е акција со која повторно ќе се потсетите зошто децата трчаат и без причина.
Затоа пријави се уште денес на овој линк https://smartrace.club/ и на 15ти Септември Трчај бе во Битола.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно