Од силниот втер кој дуваше попладнево во Скопје паднати се дрвја на повеќе локации.
„По краткиот, но силен ветер паднати се дрва на неколку локации во Центар. Екипите се на терен. Пријавете и вие ако забележите паднато дрво на 195, а во случај на дожд и поплавување на бројот на Водовод и канализација на 02 3073010“, објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
За паднато дрво објави и градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Борче Георгиевски.
„По пријава од невремето што попладнево го зафати Скопје, и паднатото дрво до детската градинка во Автокоманда, екипите на ЈКП ,,Гази Баба,, го остранија истото, улицата е проодна за пешаците и сообраќајот“, напиша Георгиевски.