ГАЛЕРИЈА: Екипата на Медена земја во Холивуд прави селфи со Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Тарантино...

ГАЛЕРИЈА: Екипата на Медена земја во Холивуд прави селфи со Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Тарантино...

„Да појаснам. Не стоев јас до него… Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“, напиша режисерката Тамара Котевска на „Фејсбук“ споделувајќи фотографии на кои стои до Леонардо ди Каприо.

На фотографиите кои екипата на Медена земја ги споделува на социјалните мрежи, се гледаат и многу други холивудски ѕвезди, како Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Тарантино…

Фотографиите се од свеченоста во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на 10-тина дена пред доделувањето на оскарите.

Филмот Медена земја е номиниран во две категории, за најдобар странски филм и за најдобар документарец.