ГАЛЕРИЈА: 10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb

ГАЛЕРИЈА: 10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb
9.06.19   11:26

Прочитано : 543

Print This Article

Доколку сте од оние луѓе кои сакаат својот одмор да го поминат на некоја подалечна дестинација, сигурно веќе го проверувате веб-сајтот на Airbnb. Но, кои се најуникатните сместувања кои можете да ги најдете тука? Дознајте во продолжение.

1. Eco Bamboo Home (Бали)

Бали е прекрасен остров сам по себе, но сместувањето во Eco Bamboo Home е искуство кое секој би го посакал. Една ноќ тука чини околу 227$.

2. Skylodge Adventure Suites (Перу)

Сместен во планините на Перу, овој хотел ќе ви овозможи да поминете квалитетно време сами. Една ноќ тука чини околу 581$.

 

3. Underground Hygge (Орондо)

Кога првпат ќе ја видите оваа куќичка имате чувство како да сте се нашле во светот на хобитите. Една ноќ тука чини околу 594$.

4. Private Island In Sunny Hvaler (Норвешка)

Private Island In Sunny Hvaler е совршен избор за вас доколку сакате да поминете ноќ потполно сами на приватен остров. Една ноќ тука чини околу 290$.

 

5. Secluded Intown Treehouse (Атланта)

Ова бајковито сместување веќе неколку години по ред се смета за најпосакувано за посета од страна на корисниците на Airbnb. Една ноќ тука чини околу 450$.

 

6. Dog Bark Park Inn B&b (Монтана)

Совршено сместување за сите љубители на кучиња! Една ноќ тука чини 194$.

 

7. Snow Igloo (Финска)

Дали некогаш сте замислиле како е да се спие во вистинско игло? Дали сте знаеле дека во едно игло температурата може да дојде до 16 степени? Доколку оваа идеја ви изгледа привлечно, ова игло можете да го поделите со пет ваши пријатели за 793$, цена за едно преноќување.

8. Wilton Castle (Ирска)

Овој замок датира од 19. век и е сместен на бреговите на реката Боро, во југоисточна Ирска. Престојот тука претставува луксузно искуство, кое чини 1.434$ од ноќ, а за оваа цена може да престојуваат 13 луѓе.

9. Cubehouse (Холандија)

Cubehouse е вистинско архитектонско ремек-дело, лоцирано во срцето на Ротердам. Една ноќ тука чини 201$.

10. True Plane (Франција)

За 118$ можете да престојувате во вистински авион. Секако, пренаменет за хотелско сместување.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести