Функционерската и граѓанската судбина тежат различно на кантарот на правдата – тема во Студио 1

Функционерската и граѓанската судбина тежат различно на кантарот на правдата – тема во Студио 1
14.09.18   19:55

Прочитано : 238

Print This Article
Studio sudstvo

Селективната правда, феноменот на неказнивост е нешто што Хелсиншкиот комитет го констатира со години наназад и за жал, и покрај промената на власта, обичните граѓани се уште не можат да стигнат до правда, смета извршната директорка Уранија Пировска.

-Во времето на поранешната власт бевме сведоци дека кога станува збор за сторители на кривични дела и кога станува збор за заштита на функционерите, тие секогаш биле привилегирани, за разлика од обичниот граѓанин, вели Пировска.

Таа потсетува дека имаме луѓе осудени на затвор за кражба на ќебапчиња или на тегли ајвар, додека непроцесуирани останале кривичните на Хелсиншки против екс министерот за здравство Никола Тодоров за случајот со малата Тамара и против Миленко Неделковски како лице блиско до поранешната власт.

И Мирјана Ивановска Бојаџиева од Комисијата за фер судење се согласува дека на тие што ќе и нанесат помала штета на државата предметите им се решаваат брзо и добиваат поефикасни казни, додека на функционерите, токму функцијата им дава можност да ги одолговлекуваат постапките.

-Но, факт е дека има една голема разлика, зголемен е бројот на откриени кривични дела, особено од рак-раната на општеството, корумпираните дела, додава таа.

Затоа не случајно главната констатација во извештајот на Стејт Департментот на САД е неказнивоста и затоа не случајно двата главни услови за влез во ЕУ ни се борбата против корупцијата и реформата на судството, вели уредничката на 1ТВ Гордана Дувњак. Како што објаснува, во изминатите години имавме исклучоци од правилото, и тоа како резултат на фракционерски битки внатре во партиите, па секој одметнат од партијата беше казнуван.

-Ова се се уште инциденти. Се додека немаме востановен систем каде што секој функционер, кога ќе стапи на функцијата, ќе тргнува од премисата дека нема да има никаква заштита од партијата доколку се огреши по законот, до тогаш нема да не биде, вели Дувњак.

Разговорот погледнете го во видеото.

  Категории: