Француската полиција во потрага по лицето кое ја постави бомбата во Лион

Француската полиција во потрага по лицето кое ја постави бомбата во Лион
24.05.19   21:45

Прочитано : 139

Print This Article
Francija napad

Француската полиција бара едно лице за кое се сомнева дека ја остави бомбата на улица, тоа лице било снимено како со велосипед ја остава бомбата и заминува од камерите за видео надзор на Лион.

Лицето кое се бара е на возраст од околу триесетина години, при оставањето на бомбата неговото лице било покриено околу 17 часот на улицата Виктор Игом во пешачката зона на Лион.

Во експлозијата на експлозивната направа, направена рачно со шрафови и шајки според последниот биланс има 13 повредени лица, единаесет од нив се полесно повредени. Според градоначалникот на 2-от арондисман на Лион, Дени Броликие, експлозивната направа била намената да повреди.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер соопшти дека издал упатства до префектите на полицијата да ја зајакнат будноста на сите јавни места каде се одржуваат спортски и културни манифестации.

Претседателот Емануел Макрон зборува за „напад“, и во моментов не се знае кои биле мотивациите на напаѓачот.

Истрагата му е доверена на антитерористичкото обвинителство на Париз.

Експлозијата се случи  само два дена пред европските избори во Франција.

  Категории:
view more articles

Актуелно