Франција ќе биде нов финансиски центар на ЕУ после Брегзит

Франција ќе биде нов финансиски центар на ЕУ после Брегзит
10.09.19   21:23

Прочитано : 369

Print This Article

Франција најверојатно од Британија ќе ја преземе титулата финансиски центар на Европската унија после Брегзит, поради што економијата на ЕУ би станала уште позависна од ранливите банки во еврозоната, смета аналитичко-истражувачката организација „Њу фајненшл“.

Брегзит најверојатно ќе предизвика промена на насоката на политиката на европските пазари на капитал, предвидуваат во организацијата и предупредуваат дека ЕУ ќе го изгуби поголемиот дел стручно знаење за пазарите и регулативите кое со децении се стекнуваше во Велика Британија.

Притоа, и после Брегзит, најголемиот дел од активностите на европските пазари на капитал ќе се одвиваат во Велика Британија, посебно во секторите како што е тргувањето и управувањето со имот.

– Накусо, пазарите на капитал во ЕУ ќе бидат значително помали и послабо развиени отколку што се денеска, а економијата на ЕУ ќе биде уште позависна од ранливиот банкарски сектор отколку што е случај денес, стои во извештајот.

Заминувањето на Британија од ЕУ за блокот ќе значи загуба на најголемиот финансиски центар, иако повеќе од 300 управувачи со имот, платформи за трговија, банки и осигурувачи кои работат во Британија, веќе отворија бази во ЕУ за полесно да се справат со последиците од сите можни епилози од Брегзит.

Британија моментално сочинува речиси третина од сите активности на пазарите на капитал во ЕУ – повеќе од Франција и Германија заедно, покажува анализа на организацијата. Заминувањето на Британија значи дека уделот на ЕУ на глобалниот пазар на капитал ќе падне од 21 на 14 отсто, односно на третина од американскиот или на нивото на кинескиот удел.

Франција и Германија ќе доминираат во дури 21 од 24 активности, како што е тргување со финансиски деривати, банкарство, претприемачки капитал и тргување со валути, при што Франција ќе биде најголем пазар во многу најважни сегменти, предвидува „Њу фајненшл“.

  Категории:
view more articles

Актуелно