Франција ја поткопува стабилноста на Балканот и на ЕУ

Франција ја поткопува стабилноста на Балканот и на ЕУ
21.10.19   13:19

Прочитано : 356

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Јасмин Мујановиќ за Призма:

И порано сме биле тука. Во јуни 2018, кога реформаторската влада на Северна Македонија веќе имаше направено големи чекори кон враќање на земјата назад на евроатлантскиот пат – особено со постигнувањето на значајниот Преспански договор со Грција – Франција, Холандија и Данска рекоа: „Не, Скопје не направило доволно за да бара отворање на преговорите за членство со ЕУ, а исто и Албанија“.

Технички, тоа што Франција и другите им го кажаа на Македонците и на Албанците беше – „можеби следната година“, но никој, што и малку се разбира, не можеше да ја протолкува таа изјава, како што и пишував претходно, како нешто друго, освен тврдо „Не“.

И еве нѐ пак тука, една година подоцна, а француската позиција не се поместила ниту за сантиметар, ниту станала поинформирана, туку остана игнорантска, арогантна и провинциска. Франција повторно го блокираше стартот на преговорите за членство со Скопје и со Тирана.

Целата колумна на Призма на следниот линк.

  Категории: