ФОТО+ВИДЕО: Четворица загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово

ФОТО+ВИДЕО: Четворица загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Голем број повредени и четворица загинати во автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај село Ласкарци во близина на Сарај, потврди директорот на Градската болница 8-ми Септември, Христијан Костов. Еден од во критична состојба и се бори за живот.

Во тек е извлекување на заглавените патници, до кои спасувачите тешко успеваат да пријдат. 10-тина возила на брзата помош, заедно со противпожарни и полициски возила се на терен, но се уште нема официјални информации од ниту една од службите.

Тешката сообраќајна несреќа се случи кога автобусот кој патувал кон Тетово, ја пробил заштитната ограда, преминал на другата страна од коловозот, ја пробил и другата заштитна ограда и се превртел во нива по пад од 4-5 метри.

Според очевидци, први на помош да ги извлечат заглавените притекнале луѓе кои се нашле на местото, дошле и голем број екипи на брзата помош, кои извлекуваат луѓе на носилки.

Станува збор за автобус на компанијата „Дурмо Турс“. Поради сообраќајната несреќа, затворен е автопатот Скопје-Тетово во насоката од Тетово кон Скопје, а се регулира од Скопје кон Тетово.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/2460201244052741

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/2297729853839298/

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/2342251192721521/

Видео -Алсат