ФОТО: Распука зграда во Драч, има и повредени и материјални штети од земјотресите

ФОТО: Распука зграда во Драч, има и повредени и материјални штети од земјотресите
21.09.19   18:46

Прочитано : 1,973

Print This Article

На фотографијата преземна од албанските медиуми се гледа зграда во Драч која распукала по должината, на два дела, како последица од двата земјотреса што се случија попладнево.

Тамошните медиуми пренесуваат и за повредени лица и материјални штети.

Земјотресот со јачина од 5,8 степени по Рихтер во 16:04 со епицентар на 6 километри од албанскиот град Драч беше почуствуван и во Македонија.

Потоа, во 16:15 беше почувствуван уште еден земјотрес, овојпат со јачина од 5,3 степени по Рихтер со епицентар на 4 километри од Драч.

  Категории:
view more articles

Актуелно