ФОТО: Повторно фрлен отров во Кисела Вода, отруено е маче

ФОТО: Повторно фрлен отров во Кисела Вода, отруено е маче

„Не знам кој и зошто, ама ова е ужасно, мизерно, претажно. Не знам што да пишам. ОТРОВ низ Кисела Вода кај Круме Кепески. Не знам каде но ТРИ МАЧКИ ни нема а едната веќе е отруена, еве ја. Се молам да не ги најдам и другите отруени. Инаку не се движат далеку. Скапан народ никаков сега и за кучето од дома да го изнесам треба да се тресам“, пишува Марија Јанеска која на својот Фејсбук профил објави и фотографија од тоа што го видела.

Фрлањето отров често се случува во Скопје, но и во други градови, а додека општините како Центар и Аеродром реагираа, од општина Кисела Вода нема реакција и покрај честото фрлање отров.