(ФОТО) После 24 часа под урнатини, спасено двеиполгодишно дете

(ФОТО) После 24 часа под урнатини, спасено двеиполгодишно дете

Припадниците на спасувачките екипи во Турција забрзано работат со цел да извлечат што повеќе затрупани лица од под урнатините. 24 часа по разорниот земјотрес кој ја погоди турската источна област Елазиг, под урнатините спасија двеиполгодишно женско дете, јавува Агенција Анадолија.

Како што објави агенцијата спасувачките екипи слушнале глас од под урнатините на срушена зграда во квартот Мустафа Паша и при тоа женско лице им кажало дека со неа под урнатините се наоѓа и дете.

Жена со плачлив глав повикуваше помош, говорејќи дека повеќе не можат да издржат под урнатините.

Спасувачките екипи потоа вложија огромни напори и на крајот ископаа тунел и успеааја да дојдат до местото каде се наоѓаа и да го извлечат детето на сигурно и да го префрлат во болница. Припадниците на спасувачките екипи ги прават сите напори да ја спасат и мајката.

фото: Анадолија