ФОТО: Објавени личните скици и белешки на Пол Кле

ФОТО: Објавени личните скици и белешки на Пол Кле
6.03.16   14:57

Прочитано : 1,665

Print This Article
loading...
loading...

Покрај околу 9.500-те дела (вклучувајки ги тука и куклите направени за неговиот син) објавени се и личните тетратки, со белешки и скици на швајцарскиот неоимпресионист Пол Кле (1879-1940).

strong-dream-1929(1)

Пол Кле е радикална фигура во европскиот модернизам, а огромно е неговото влијание и врз подоцнежната апстрактна уметност, врз автори како Ротко, Миро и други.

Klee-Notebooks-3

Првата изложба на Кле во неговата родна Швајцарија во 1910 година не поминала најдобро. Тогаш управата на Кунстмузејот соопштила: „Повеќето посетители изразија несогласување со она што го видоа, а некои познати јавни личности нѐ замолија да ја затвориме изложбата“.

Klee-Notebooks-4

Пресвртницата во неговиот живот се случува во Париз во 1912 година, кога спроти Првата светска војна, почнува да се развива апстракцијата. Врз него влијаат и етнографската уметност, детската уметност (цртежите на син му Феликс), а ги проучува и делата на ментално заболените личности. Но како најголема пресвртница во неговото сликарство се споменува патувањето во Тунис во 1914 година, кога запишува: „Бојата ме опседнува. Бојата и јас сме едно“.

Во Првата светска војна, кога се убиени неколку негови пријатели, Кле сосема се повлекува во апстракцијата.

– Колку пострашен е светот, толку поапстрактна е нашата уметност – пишува уметникот.

  Категории: