ФОТО: Нов „новогодишен“ мурал на Бански посветен на бездомниците

ФОТО: Нов „новогодишен“ мурал на Бански посветен на бездомниците

Во Бирмингем, Велика Британија, пред два дена откриен беше нов мурал на Бенкси инспириран од божиќните празници.

Делото, на кое се прикажани два ирваса врзани со каиши, е нацртано на ѕид, веднаш до една клупа на која често преноќуваат бездомници.

Иако не напиша ништо за инспирацијата на делото, јасно е дека повторно сака да ја искритикува јавнсота или барем да ја потсети дека и во атмосферата на новогодишна еуфорија, декорации и манично трошење за таа цел, многумина ќе останат без покрив над главата и основни услови за пристоен живот.

Бенкси на својот профил на „Инстаграм“ објави снимка на која може да се види бездомникот Рајан како се подготвува да си легне на клупата до која е нацртан цртежот, кој полека се открива додека тече снимката.


– Господ да го благослови Бирмингем. За 20 минути додека го снимавме Рајан на оваа клупа минувачите му дадоа топла напивка, две чоколатца и запалка, а тој не ни побара нешто – напиша Бенкси под објавата.

Ова е последниот мурал на Банкси. Во мај во Венеција наслика мурал на кој беше прикажано дете-мигрант како носи елек за спасување и држи розов факел.