ФОТО: Дебарчани масовно ја проследија тактичко-показната вежба на МВР

ФОТО: Дебарчани масовно ја проследија тактичко-показната вежба на МВР
25.05.19   15:06

Прочитано : 598

Print This Article

Денес во Дебар а во рамки на планираните активности по повод одбележувањето на Денот на полицијата, граѓаните на Дебар и околните општини имаа прилика да ги проследат тактичко-показните вежби на припадниците на неколку полициски единици, пред голем број на дебарлани и жители на општините Центар Жупа и маврово Ростуше. Во вежбата со свои активности се преставија единицата за мото-екскортно обезбедување, Единицата за брзо распордување, Единицата за специјални задачи, како и Одделот за воздухопловни единици на МВР и Единицата за службени кучиња.

Министериот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека со денешниов настан се испраќа јасна порака дека припадниците на овие наши единици можат и знаат да дејствуваат ефикасно бранејќи ја сигурноста и безбедноста на граѓаните и на државата.

,, Повеќе од сигурен сум дека денес Дебарчани од овој настан ќе понесат крајно позитивни импресии за професионалната стручност и подготвеност на припадниците на полицијата. Исто така со ова активност ги потикуваме младите во Дебар и регионот да бидат дел од полицијата , како и ја зајакнеме соработката на полицијата со граѓаните .,, рече Спасовски .

Македонскиот министер за внатрешни работи изјави дека безбедностната состојба во земјава е мирна , стабилна и повиолна . Наското очекуваме да станеме членка на НАТО и да ги заполнеме преговорите за членоство во ЕУ, а тоа значи и поголема стабилност и во регионот. Ние имаме соработка со полициите од земјите од регионот и таа соработка дава резултати во борбата против тероризмот , и криминалните активности . Нема опасност од некој прилив на нови групи на емигранти во земјава рече и состојбата е под контрола рече Сопасиовски и додаде дека МВР има и соработка со Франтекс .

К. Мимидиноски

  Категории: