ФОКУС: Комичен атак на Кремљ – руска петарда

ФОКУС: Комичен атак на Кремљ – руска петарда
12.07.19   00:02

Прочитано : 747

Print This Article

Во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Секоја афера во која власта се компромитира за опозицијата е добредојдена, но безбедносно-комуникациското пробивање на премиерот заради руски интереси, кое е насочено против евроатлантската иднина на Македонија, не смее да биде легитимен интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Освен, се разбира, ако тоа не е скриена агенда на партијата што ја води Мицкоски!

ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ
Не сум изненадена што Заев лесно наседна на лажните Порошенко и Столтенберг, та дури трипати муабетел со нив. Не извлече поуки ни откако Груевски го снимаше во кабинетот, па повторно беше уловен за донацијата за црквата од бизнисменот провокатор. Таков му е табиетот едноставно. Но, експресното соочување со јавноста без да избегнува најдиректни новинарски прашања ги амортизираше руските „бомби“ во петарди

ИВАНОВИ ЧЕСТЕЛЕ НА ДРЖАВНА СМЕТКА
Во периодот од четири месеци, за кој добивме податоци, Иванови потрошиле 95.000 денари само во супермаркети. Сите приватни гости претседателот си ги пречекувал на државна сметка, а неговото обезбедување, за само четири месеци, за топол оброк потрошило 5.500 евра, без да се води сметка дека на тоа имаат право само ако работат прекувремено

ПАНЧЕВСКИ ГО ОДБРАЛ И СУДИЈАТА НА ВРАНИШКОВСКИ!
Обвинителството се „осмели“ да поднесе обвинение против актуелниот судија и екс претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Иако се споменуваат 49 предмети, поделени на рака на одредени судии, наместо по случаен избор, сепак јавноста нема да дознае дали некој од овие случаи бил даден со насока да се „уништи“ обвинетиот со висока казна, или пак да се „помилува“

ФЕЉТОН: ЛЕВАТА И ДЕНСТА ИДЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (2)
По некоја чудна, веројатно ненамерна инерција, денешниот СДСМ практикува многу нешта што ги преферирала и КПМ-СКМ. И двете партии знаеле да се омасовуваат надвор од своето членство кога тоа било најпотребно. И двете партии граделе и градат на меѓуетничкиот соживот во Македонија. И двете иако идеолошки потекнуваат од Истокот, немале проблем да бидат во добри односи со Западот

ЗДРАВЈЕТО СТАНА ЛУКСУЗ
Клиниката за детска хирургија ангажирала тројца странски лекари, кои за повремено доаѓање во земјава земаат вкупно 86.900 евра годишно, а од истата клиника во период од една година заминаа тројца врвни хирурзи!

САРДИСАНИ ОТИ СЕ АЗДИСАНИ
До техничката влада, која ќе настапи сто дена пред парламентарните избори, има уште 400 дена, горе-долу. Таман доволно време за уште 400 паметни работи или 400 глупости, по една на ден, да се направат. Што ќе прави Заев во времето што му остана, зависи од него. А потоа, ништо нема да зависи од него, туку од нас, граѓаните

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Фанатиците не признаваат грешка или извинување. Еве, една обична грешка во изведбата на химната ги подели Македонците. За да биде парадоксот поголем, химната треба да биде симбол на обединување, но токму прекумерната приврзаност кон неа предизвикува длабоки поделби

Ана ПАНОВСКА
Народов чекаше Заев, како вистинска власт, да тропне по маса, да ја растера таа залегната багра по судовите, обвинителствата и по сите други државни институции, ама тој како волонтер од некоја милосрдна организација се фали дека со ништо нема да ја загрозува опозицијата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Колку ли вакви аудиомуниции постојат низ партизираната администрација кои ферментираат чекајќи одредена зрелост? Колку ли разговори за тендери, вработувања, набавки, нарачки, пораки, повици се снимени? Уште колку верзии на „Леонардо вил вин“ ќе излезат во следниот период додека власта јури по автопаДот „Доц.д-р. Драги Рашковски“?

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Чист анахронизам е по сто и кусур години да се полемизира дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец. Јасно е дека не го родила тетка му, тој си бил на татко и мајка, а се изјаснувал како македонски Бугарин, но се борел за автономна Македонија. Тоа е тоа и нема што да се зановета така било – вака било

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести