Финта – updated

Пред една година напишав текст за мојата страница Freelance View за пренесувањето на ингеренциите од градоначалниците на владата за рушење на дивоградбите низ државата. Деновиве се огласи “најпопуларниот“ градоначалник од Струга со нови погледи на состојбите. Решив да го ажурирам текстот со новите збиднувања.

Тој че руши, не ја!

Ова е добра финта. Градоначалниците на Струга и Охрид бараат од Владата да и ги пренесат ингеренциите како градоначалници. Па Премиерот нека си ја лупа главата од зид. Добивале закани. Јас им верувам. А и заканите можеби се основани. Кој знае? Еден заканувач од Струга вели: Слушај ваму! Ја сам ти дал паре, а ти че го рушиш сега! Мисли малку! А градоначалникот одговара: Не, не јас нема да го рушам! Премиерот че го руши! Знаеш добро дека ние рамковните сме градители, а македонците се рушители! Тој че го руши! Му пренесов ингеренции. Самиот знаш колко сам ја добар. Само погледни колко ја сам издал дозволи за дивоградби за мој сегашен и предходен мандат! Не си во право. Ја сам да се дивогради. Тој че руши, не ја!

Сигурно во најава има и други градоначалници. Еве на пример во Тетово. Таму пренесувањето на ингеренциите ќе биде веројатно по академски и поцивилизирано. На некое повисоко ниво. Во стилот: Немоем веќе. Си го нарушив здравјето. Од издавање дозволи за дивоградби! А Премиерот ќе си ја лупа главата од зид, затоа што тие се рамковно привилегирана Ел Команданте партија. Без нив никој не може да формира влада.

Треба да се очекува пренесувањето на ингеренциите да стане масовна појава. Затоа што е добра финта. На пример, издавањето на градежни дозволи за дивоградби од градоначалниците, мои пријатели велат, најдалеку и нај инвентивно е отидено во општина Чаир. Дозволите за дивоградби дозволуваат градба на станови и без прозори.

Знаете, ако во октомври не не огрее сонце со ветер во грбот, во ураганскиот хаос кој ќе следува на фази, веројатно ќе видиме дивоградби со дозволи, каде покрај станови без прозори, новодивоградбите ќе имаат и заеднички соби за вршење нужда. И тоа без одвод и довод.

Знам, оваа тема во моментов не е интересна, покрај мега скандалот деновиве. А кој знае, можеби и тоа е дел заговорно сценарио. Во оваа естрада на гнилеж и гнасотии во јавноста, најлесно и најтивко се пренесуваат ингеренции. Па тој нека си ја лупа главата. Тој е рушител.

Ова е стварно добра финта.

Updated конверзација

Деновиве пак се јавил стружанецот и разговарал со градоначалникот. Накратко му рекол, море ееј, знаш дека сам дал паре ееј! Ако го рушиш че пуцам ееј! Градоначалникот му рекол, абе човек ти си наш,како не разумеш! Тој че го руши не ја! А и самиот знаш, ако го руши, че го мењамо! Ти добро знаш кога бевме со ДПМНЕ колко имаше ред! Прво че пуштимо један контигент на дозволи за дивоградби, па че пуштимо закон за легализација! Си имаше ред! Не се секирај, ако руши че го мењамо!!

Што да помисли човек?

Кога почна со работа предходната влада пред три и пол години, во еден текст напишав: Во министерството за транспорт треба да се формира тим на градежни Алфи со ингеренции на територијата на целата држава. Доаѓаат, рушат дивоградби и си одат. И сето тоа од практичен аспект. Општините имаат во просек по 0.75- до 1. 5 инспектор. Кој е на боледување, кој го користи ланскиот одмор на Халкидики, а плус треба да му руши на роднината, комшијата или партискиот брат. Затоа ова со градежните алфи е многу практично и објективно. Некој поп направил дивоградба таму некаде во смилевско. Доаѓаат алфите рушат и си одат. Јеботе држава во која на најодалеченото место стигнуваш за два и пол часа! Доаѓаш со решение, рушиш и си одиш! Но за да биде процесот објективен и ефикасен, Алфите наместо 500 евра плата, ќе имаат 5.000 евра месечна плата. Не сме воопшто богата држава за да се купуваме и правиме толку ефтино!
Или предлогот со воведување плус еко такса по м2 прогресивно по кат за се што се гради над четири ката. Нема поефикасно средство. Само по џебот! Сакаш да градиш 10 ката? Нема проблем. Покрај комуналните и даночните трошоци,ќе мора да платиш за петиот кат плус еко такса од 1500 евра по м2. Па прогресивно со секој кат. Инаку, кај и да е, Скопје ќе умре за 5-10 години со оваа политика. А многу други градови почнаа да умираат.
За жал, од ова ништо не бидна. Владата во својата еуфорична победа, започна еден радодаен период кон се и сешто. Кој рече дај, тие на!

Clustering Fundamentals

Понекогаш човек да посака првиот кластер со поглавјата за преговори да биде двапати-трипати поголем од веќе познатите поглавја. Доволно за затворање на кластерот во наредните 10 години. Инаку со комисии, дебати, академии и ринге-ринге еколошки протести очигледно не бива.

Руди Лазаревски

Back to top button
Close