Finance Think: Економијата ги покажува првите постабилни знаци, БДП може и да се натфрли

Finance Think: Економијата ги покажува првите постабилни знаци, БДП може и да се натфрли
7.06.19   16:42

Прочитано : 214

Print This Article

Во првиот квартал од 2019, БДП порасна за 4,1 отсто, покажувајќи ги првите постабилни знаци дека економијата добива моментум, оценува Finance Think во Макроекономскиот монитор за првиот квартал 2019.

 


„За разлика од претходно, растот е на поширокопојасна основа, со оглед дека најголем дел од секторите во економијата забележуваат пораст. Во овој квартал, двигател на економијата остануваат финалната потошувачка и извозот, додека раните позитивни знаци кај инвестициите, забележани на крајот од 2018 година, сега се потврдени и стабилизирани. Во услови на отсуство на владин фокус врз економијата и значајна подреализација на државните капитални инвестиции, економските резултати за првиот квартал се оптимистички, особено што приватниот сектор е главен генератор на економскиот раст“, стои во соопштението.
Според Finance Think, позитивните придвижувања кај БДП се проследени со понатамошно значајно намалување на невработеноста на 17,8 отсто на крајот од првиот квартал од 19,4 отсто на крајот од претходниот квартал. Овој пад, сметаат, и понатаму се должи на зголемената побарувачка за работници во приватниот сектор, особено кај големите работодавачи и во слободните зони, а делумно и на раздвижениот пазар на труд поради активните мерки за вработување.

„Согласно ваквите резултати и очекуваните движења и политики во 2019, Finance Think ја задржува проектираната стапка на раст на БДП за 2019 на 3,3 отсто, со значајно изразени нагорни изгледи. Ваквата проекција може да биде и значително натфрлена до крајот на годината, доколку Владата стави брз и интензивен фокус врз економијата и особено врз омозвожувачката средина за приватниот бизнис сектор. Позитивен перцептивен импулс за растот ќе има и отпочнувањето на процесот на преговори со Европската Унија“, наведуваат од Finance Think.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести