Филипче: Итна вакцинација со МРП за бебиња над 12 месеци, вакцинација од 6 месеци

Филипче: Итна вакцинација со МРП за бебиња над 12 месеци, вакцинација од 6 месеци
11.02.19   20:53

Прочитано : 287

Print This Article

Министерството за здравство ќе ги повикуква родителите – во Скопје, вакцина против мали сипаници да добијат бебињата со наполнети шест месеци, вели за 1ТВ министерот Венко Филипче. Низ Македонија, ќе понудат итна вакцинација за бебињата над 12 месеци. Вака одлучила Комисијата за заразни болести, откако епидемијата со морбили зеде три жртви.

„Подготвуваме и нов протокол за тек на пациентите – задолжително ќе треба да се јават во пунктовите во здравствените домови, во клиниката за инфективни болести, во болницата во Козле и одделот за инфективни болести во болницата 8 Спетември којшто е целосно е изолиран“, изјави за 1ТВ министерот за здравство, Венко Филипче.

Расте бројката на заразени од мали сипаници, дневно по нови пет случаи. Од прогласувањето на епидемијата, бројката се издигна на 220.

Додека здравствените власти повикуваат на вакцинација, во поликлиниката во Ѓорче Петров, психијатари прегледувале деца, со вкупно шестчасовна обука за педијатри во два дена, дознава 1ТВ. Дечињата ги препраќале во детската клиника Козле, за да не дадат погрешна дијагноза. Министерот Филипче не е запознаен.

„Дали ќе се заинтригирате со случајов да се распрашате? – Секако, меѓутоа ова е првпат да ја слушнам оваа информација. – А, возможно ли е психијатар, законски, со дводневна обука, вкупно од шест часа, да прегледува деца? – Не. Ќе се распрашам да видам што било тоа па ќе разговараме. – Знаевте ли дека еден педијатар бара работа? – Повеќе специјалисти бараат работа. Бара работа и радиолог, бара работа и педијатар, работа бараат 1.000 медицински сестри и нешто помалку од 100 дипломирани доктори на медицина – Услови за нивно вработување има? – Тоа е согласно условите што ги распишуваат јавните установи. – А вие како министерство ургирате? – Секако и затоа и инсистиравме, тоа и се случи во текот на минатата година, 3.200 вработувања никогаш немало изминатите години“, вели Филипче.

Додека во земјава има недостаток на здравствени работници, за три дена три жртви, 13 месечно бебе од Тетово почина на детската клиника поради компликации со мали сипаници. Имало хронични заболувања и не било вакцинирано. Претходно починаа две бебиња кои не можеле да бидат вакцинирани.

Игор Стефановски

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести