Фатено и казнето лице коe со камион истурало ѓубре на нива во скопско Бардовци

Фатено и казнето лице коe со камион истурало ѓубре на нива во скопско Бардовци

Комуналните редари на Град Скопје денеска фатија и казнија лице како истура ѓубре. Лицето од камион полн со градежен материјал, ѓубрето го истурал на нива во атарот на селото Бардовци. Комуналните редари го затекнале и направен е записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна. Исто така, лицето било задолжено да го собере целиот отпад и соодветно да го одложи.