Езџан Алиоски и Жика Крстевски

Езџан Алиоски и Жика Крстевски
14.06.19   17:45

Прочитано : 1,422

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Агрон Биба за Цивил:

На Езџан Алиоски од Црнилиште Прилепско, не му било дозволено да руча со својата фамилија во Ресторан Ла Страда во градот на Крали Марко. Тоа е. И плав да си и со сини очи како Езџан Алиоски, и футбалски репрезантивец на Македонија, и интернационален фудбалер за Англиски Лидс….се е тоа џабе, ништо тоа нема да ти помогне.

Ти ќе останеш клет шиптар кој автоматски е Црната Арапина во Прилепа Града, и секој тврдокорен прилепчанец има право да го тренира буздоганот на Краљевиќ Марко, (овојпат за среќа, само вербалниот буздоган), кој некогаш боли и пече повеќе од вистинскиот. Јазикот коски нема, но коски крши. Имав и јас моја футбалска Ла Страда. Мојата прва љубов е футбалот. Навивав за Црвена Звезда, и одбивав да ги мешам спортот и политиката. Но се појави Аркан. Тој беше водач на моите колеги навивачи на Црвена Звезда, познати како Делије. Све што смо хтели, све што смо желели, то сун нам дали, црвено бјели, младичи борови, дјевојке јеле, боре се поштено, за црвено беле…..ехххххх…сум ја пеел, и ете сеуште не сум заборавил. Водачот на звездашите Делије, Аркан, формира парамилитарни единици ТИГРОВИ. Престанав да навивам за Црвена Звезда. Престанав да гледам футбал. Ја изгубив мојата прва љубов. Болеше. Многу.

• Студирав во Приштина. Една ноќ, во тогашна сеуште здрава и права Југославија, беше убиен еден албански учител кој имал четири деца. Место во студентската менза, се упативме во долгата колона која водеше до градските гробишта. Бевме во колона по четири. Колоната беше бескрајна. Сите бевме клети шиптари, кои бевме упатени да закопаме едне убиен клет шиптар. Иако и ние клетите шиптари имаме опашки, (како што запишал интелектуалецот Ипократ Владан Ѓорѓевиќ во својата книга Арнаутите и големите сили (1913)) и ние жалиме, тагуваме по нашите мртви. Поминавме покрај Гранд Хотел. Ги препознав моите колеги звездаши, беа облечени во воени униформи на Аркановите Тигрови. Ми беше срам дека некогаш сум навивал, сум бил окорели звездаш.

Езџан Алиоски беше во Прилеп и во Ла Страда. Мојот Прилеп беше во Тетово и мојата Ла Страда беше Ресторанот во Арабати Теќе. Беше 1987 година. Јас бев средношколец и футбалер на градскиот тим во Охрид. Бев единствениот Албанец во ФК Охрид. Во екипата играше и талентираниот Џенгиз, брз како ветер неколку години постар од мене. Арѓенд Калиќи беше веќе заминат да студира во Приштина, и со тоа, јас бев единствениот Клет Шиптар во ФК Охрид. Есенско коло во 1987 година. Игравме против Љуботен. Јас сеуште немав лекарско уверение, но бев поканет од раководството да патувам со нив, како награда за моето успешно вклопување во првата екипа од екипата на подмладокот со кои бев цели 6 години, на чело со единствениот школуван тренер во Охрид, Ацо Гаврилоски, кој беше и остана мојот фудбалски татко. Седев код оркестра, на задниот дел од автобусот. Ме викна на разговор, Жика, тренерот на голманите, секогаш насмеаниот шмекер, со секогаш средените густи бркој Жика Крстевски. Не сум знаел, но последните 3 години, тренерот Жика, бил мој главен футбалски обожавател.

ФК Охрид имаше фантастична екипа. Голман Данчо(иден репрезентативец-додуша тогаш, уште втор голман на Буџакоски), во одбрана Тричковски поранешен свипер на ФК Пелистер, Бакулески, Блаже Шекеровски, во нападот Нечевски, кој беше побрз од најбрзиот охридски бран во езерото. Имавме еден фантастичен везен играч, се што паметам дека се викаше Пере и дека сега ги дрибла кенгурите по Австралија…и некого заборавам, но да се вратам на разговорот со Жика Крстевски, одличен голман во свое време, тогашен тренер кој успеа да произведе еден Данчо Целески, репрезентативец на Македонија. Жика, ме седна наспроти него, и ми покажа една бајаги голема охридска пастрмка. Биба, ми рече. Ја гледаш пастрмкава? Ја носам ради тебе, ќе му ја поклонам на Заковски(тодашен тренер на младинскиот футбалски клуб Тетекс).

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории: