Европската народна партија најсилна на изборите за ЕП

Европската народна партија најсилна на изборите за ЕП
26.05.19   21:17

Прочитано : 1,174

Print This Article

И покрај значителните загуби, конзервативните партии на овие европски избори, според првичните прогнози, се најсилни. Освен тоа, одзивот на изборите е најдобар во последните две децении.

    

Најсилната пратеничка група во Европскиот парламент, според прогнозите, ќе ја има Европската народна партија – 173 места, што инаку е послаб резултат во споредба со изборите за Европскиот парламент во 2014 година, кога ЕНП освои 44 места повеќе.

Социјалистите се втори по сила и како пратеничка група ќе имаат 148 места во ЕП. Тоа се 38 места помалку отколку во 2014.

Зелените бележат подем и имаат 68 пратенички места, односно 16 места повеќе отколку на европските избпри пред пет години.

Левицата ќе има 46 европратеници, или 6 помалку во споредба со 2014.

Европските конзервативци и реформатори (ЕКР) исто така претрпеа загуба – сега имаат 62 места, или 14 помалку од 2014.

ЕФДД (Европа на слободата и на директната демократија) има освоено 57 места, односно 16 повеќе отколку пред пет години, а ЕНФ (Европа на нации и на слободата) има освоено 59 пратенички места, или 22 места повеќе во споредба со изборите во 2014.

Останатите партии имаат освоено 59 пратенички места во Европскиот парламент (плус од 38 места).

Одзивот на овие избори, според наводи на Европскиот парламент, е најверојатно највисок „во период од најмалку 20 години“. Според портпарол на ЕП, прогнозите велат дека во 27-те земји членки на ЕУ, без Велика Британија, одзивот изнесува околу 51%. За целата ЕУ, сите 28 членки, ќе изнесува помеѓу 49 и 52 проценти.

Од првите избори за Европскиот парламент во 1979 година одзивот на гласачите беше во постојано опаѓање. Ако во 1979 година изнесуваше речиси 62 проценти, тој на минатите европски избори беше само 42,61%.

извор: ДВ

 

  Категории: