Европол отвори канцеларија во Албанија

Европол отвори канцеларија во Албанија
11.07.19   15:03

Прочитано : 78

Print This Article

Европската полиција Европол денеска во Тирана отвори канцеларија со цел понавремено и пообјективно  да се даваат информации за сузбивање на албанските криминални банди кои делуваат во Албанија  и надвор од неа. Европол ке помогне на албанската полиција и  во откривањето и сузбувањето на организираниот криминал, истакна на свеченоста амбасадорот на ЕУ во Албанија Луиѓи Сорека.

-Ќе и помогнеме на Албанија да има резултати во оваа сфера – додаде амбасадорот Сорека. Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека Европол е добредојден со што размената на иформации е многу битна за да  има ефекти.

Директорот на албанската полиција Арди Велиу информираше дека расте бројот на операциите на албанската полиција кои се кординирани со Европол. Според него минатата година се реализирани 8 операции, додека во првите 6 месеци од оваа година дури 12 операции.

Инаку на денешната средба е оценето дека треба да се превземаат поголеми мерки се со цел да се намали организираниот криминал во земјата но и надвор од неа и да се откријат криминалните банди кои делуваат и на меѓународен план.

К. М.

  Категории: