Евро-атлантско самоубиство од заседа

Евро-атлантско самоубиство од заседа

Вчудовидувачка е целата опозициска папазјанија што се одвива во последните изброени денови пред распуштањето на Собранието и одењето на предвремени избори. Во „трката со времето“ присуствуваме на неколку „фото-финиши“ помеѓу власта и опозицијата, во кои опозицијата редовно останува кратка „за гради“ пред целната линија.

Ратификацијата на Договорот за членство во НАТО ја остави ВМРО-ДПМНЕ предвидливо збунета, со „почитување на реалноста“ кај оние кои гласаа за ратификацијата, но и со отсуство на 4-5 нејзини пратеници од гласањето во Собранието, со различни толкувања за тоа кој и дали аплаудирал (!?) по ратификацијата на Договорот, како и со отсуство на лидерот на опозицијата од историските фотографии за подигнувањето на знамето на НАТО пред зградата на Собранието.

Сите тие настани дополнително се акцентирани со антиуставното поведение на техничката министерка Мизрахи, директно во спротивност со барањата на НАТО во Брисел, искажани на Министерскиот совет на Алијансата на кој присуствува министерката за одбрана Шекеринска, дека НАТО е задоволно од реформите, но очекува ЦЕЛОСНА имплементација на Договорот од Преспа. Ти зборам ќерко, сети се снао…

Тоа значи меѓународен „пас“ за Спасовски да побара смена на Мизрахи, што „повлеквит“ напуштање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието неколку дена пред неговото распуштање, со големи изгледи тоа да се случи откако ќе се усвои Законот за Јавно обвинителство. По што ќе следува и добивањето на датумот за отворање на преговорите со ЕУ.

Дупло, евро-атлантско, „голо“.

Сега, очајнички, опозицијата се обидува да индуцира „политичка криза“ со бура во чаша вода. Само што чашата се наоѓа на дното на Атлантскиот Океан.

Што е право, не може да се оспори дека ВМРО-ДПМНЕ остана цврсто доследна на своите долгогодишни, „груевистички“ ставови за отежнување, на секој можен начин, на евро-атлантскиот пат на државава. Како што не може да се оспори дека тие напори завршуваат залудно, со целосен политички дебакл.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука