Епидемија на заразна жолтица во Кочани

Епидемија на заразна жолтица во Кочани
21.10.19   14:29

Прочитано : 93

Print This Article

– Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемија од заразна жолтица, откако бројот на регистрирани заболени во изминатите десетtина дена надмина 20 лица. Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на вирусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот.

Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

– Состојбата со заразната жолтица во регионот ја следиме од крајот на минатиот месец кога беа регистрирани првите шест случаи, а во текот на последната недела дојде до забележителен пораст. Дел од пациентите со полесни симптоми беа пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Меѓу заболените има и повозрасни лица, иако главно се работи за ученици од основно образование, за што на родителите им посочуваме дека е потребна поголема грижа за личната хигиена на нивните деца, истакна Горан Николов, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Кочани.

Во училиштата во кои е регистрирана заразата се прави засилена дезинфекција, при што скратени се и часовите за да може таа да биде на пократок временски рок. Дополнително, во сите образовни установи е поделен едукативен материјал за правилното миење раце со сапун за да се спречи контактното ширење на инфекцијата.

 

  Категории:
view more articles

Останати вести