ЕП во ракомет: Норвежаните имаат премија од 18.000 евра за титула

ЕП во ракомет: Норвежаните имаат премија од 18.000 евра за титула

– Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија.

Со самиот пласман во полуфиналето, репрезентативците добија 3.000 евра, колку ќе добијат и во случај на триумф над Хрватска вечерва во Стокхолм.

Како финалисти, Норвежаните ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка.

Ако, пак, успеат да слават и во финалето в недела, тогаш ќе обезбедат и олимписка виза за ОИ во Токио ова лето, плус 12.000 евра како награда.

Првото полуфинале на ЕП 2020 меѓу Норвешка и Хрватска е од 18 часот, во второто, од 20.30 часот, ќе играат Шпанија и Словенија.