ЕП Бугарија, У20: Македонија в петок против Летонија го отвора шампионатот во дивизија Б

ЕП Бугарија, У20: Македонија в петок против Летонија го отвора шампионатот во дивизија Б
12.07.18   18:08

Прочитано : 20

Print This Article
loading...
25728320180712

Избраниците на Никола Василев ќе играат во групата А, во која за противници ги имаат Летонија, Азербејџан, Белгија и Белорусија.

Во петок од 20:30 часот Европскиот шампионат ќе го отворат против Летонија, а по еден ден пауза, веќе в недела ги очекува пресметка против Белгија.

Во понеделник ќе одмораат, а вторник и среда ќе ја комлетираат групната фаза со Азербејџан и Белорусија.

Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, додека трите најдобро рангирани на шампионатот ќе се изборат за место во А дивизија.

  Категории: