Елиф Елмас без партнерка на божиќната вечера на Наполи

Елиф Елмас без партнерка на божиќната вечера на Наполи

 

Фудбалскиот клуб Наполи приреди заедничка божиќна вечера за играчите, а меѓу нив секако се појави и македонскиот интернационалец Елиф Елмас.

Само тројца фудбалери се појавија со свои партнерки, а најголемо внимание со својата колоритна гардероба предизвика Кевин Малкуит.

Откако беше објавено дека фудбалерите сепак нема да бидат парично казнети, како што беше првично најавено, сега клубот ги собра сите во една вила на заедничка вечера.

Наполи одамна нема победа, а Елмас не играше на дебито на новиот тренер Џенаро Гатузо, и неговата иднина во клубот е неизвесна. Следниот меч на Наполи е в недела вечер против Сасуоло, и може да биде показател дали Гатузо верува во Елмас.