Ел Чека објави „бомба“ како Насер Селмани фаќа врски кај Илија Димовски и Јанкулоска за декриминализација на клеветата

Ел Чека објави „бомба“ како Насер Селмани фаќа врски кај Илија Димовски и Јанкулоска за декриминализација на клеветата

Кичевецот А.Ш алијас Ел Чека кој подолго време објавува „бомби“ на Фејсбук против функционери на ДУИ, постираше нелегално прислушуван разговор помеѓу Илија Димовски, пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, а во врска со барање на Насер Селмани, поранешен претседател на македонското новинарско здружение за преговрите на ЗНМ и Владата за декриминализација на клеветаа и навредата во 2012 година, пренесе Плусинфо.

Станува збор за период кога ЗНМ водеше тешка битка за декриминализација на клеветата и навредата, а во Кривичниот суд во Скопје имаше повеќе од 300 тужби против новинари. Телефонскиот разговор што го објави Ел Чека, датира од времето кога беше откочен замрзнатиот дијалог помеѓу Владата и ЗНМ за декриминализација на клеветата и навредата, откако тогашната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи преживеа жешки критики дека повеќе од два месеца одбива да закаже средба со ЗНМ и со синдикатот на новинарите (ССНМ). Во текот на 2012 година новинарите во рамки на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета извојуваа целосна декриминализација на делата за кои претходно се бараше кривична одговорност.

Поранешнио претседател на ЗНМ Насер Селмани одби да ја коменира „бомбата“ на Ел Чека, но сепак на кратко потсети на придобивките што ги остварија новинарите по тешките преговори со Владата, а после кои беа повлечени дури 360 тужби против новинари.

– Нема што да коментирам, тоа што го баравме и го добивме, се има во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Кој сака може да провери – вели Насер Селмани, поранешниот претседател на ЗНМ.