Експлозивна направа пронајдена во домот на Џорџ Сорос

Експлозивна направа пронајдена во домот на Џорџ Сорос
23.10.18   10:06

Прочитано : 235

Print This Article

Експлозивна направа била пронајдена минатиот понеделник попладне во домот на милијардерот и спонзор на Фондацијата „Отворено општество“ Џорџ Сорос во округот Вестчестер во Њујорк.

Полицискиот оддел во Бедфорд изјави дека добил повик од куќата во врска со сомнителниот пакет. Вработен во резиденцијата на г. Сорос го пронашол пакетот, откривајќи го она што изгледало како експлозивен уред, соопшти полицијата.

Вработениот го преместил пакетот во шумaта во близина додека не пристигнала полицијата која ја деактивирала експлозивната направа.

Полицијата смета дека областа е безбедна.

  Категории: