Една изборна единица и преференцијално гласањe: Вовед во внатрепартиска, оштествена демократија и отворање на патот кон нормалноста

Една изборна единица и преференцијално гласањe: Вовед во внатрепартиска, оштествена демократија и отворање на патот кон нормалноста
10.06.19   14:43

Прочитано : 459

Print This Article

Во овие, веќе три децении од осамостојувањето на земјата, ако од нешто што сум ги пишувал и говорел, ми “фатила пена на устата”, тоа се Законот за изборите и неговиот “побратим” – Законот за финасирање на политичките партии. Нашите политички првенци, носечките партии во парламентот, буквално, ама за се острат ножеви, ама, кога се во прашање изборната материја и државните јасли – одсегогаш биле согласни калугери кои и во петок мрсат!

Aко ги вклучиме средношколските години ( гимназискиот “Јужен бран”), односно студентските – “Студентски збор” и “Млад Борец”, во новинарството сум веќе шеста деценија. Животот, ете, е непредвидлив, во два половични мандати, ме однесе – еднаш во владините одаи, еднаш во парламентарните клупи. Во нашиот “Парламент на изгубени чекори!”. Така се вика просторија во францускиот парламент, до каде им е дозволен пристап на колегите!

Во сите овие години, се изначитав и изнаслушав се и сешто, ама, навистина не верував, дека, синоќа, од екранот ќе ми се појави политички диносаурус, кој ќе каже како “гласање со една изборна единица, ќе ги ослободи помалите партии од стегите и неправдите на поголемите, односно носителите на коалициите”!?

Еј, луге, тоа го кажува човек кој не излегол од политичките кујни целиот свој живот – до пензионирањето и после него. Човек кој си имаше своја партија (или му ја направивме!), му овозможи мандат на Груевски во 2006 година, за потоа да ја растури партијата, затоа што 7 – мина со мака спечалени пратенички мандати, му беа помалку од два – подарени!?

Дефинитивно, крај за политичките камелеони!

И сега, оп, оддеднаш, човекот кој се грее на два туги мандати, а на државната цуцла се залепил како да има дваесет, сега, е, ви се молам “ојаѓен и увреѓен!”. Партиската сукња зад која се сокрил, сега го искористува!? Истовремено, се што во мегувреме лапнал од директорски – до министерски и амбасадорски позиции, гo крие како змија нога! Само колку да не се “сетат Власите!”, тоест другите собраќа со подарени мандати во коалицијата. Зашто, верувале или не, тој има сам – колку сите останати “сирачиња!” заедно!?

Е таков безобразлук, такво замајување на јавноста, такво потценување на нариодецот свој – навистина може дадојде само од еден “превејан лисец”, премачкан со сите бои, или како што велеше Јагнула Куновска: со лица, образи – за секој ден од годината!!!

Но, нејсе, настарана лицемерието и мимикријата на овој политички камелеон, ајде сите да го поддржме: Република Северна Македонија, една изборна единица, отворени преференцијални листи, никако предизборни коалицирања, низок, или никаков изборен праг – па да му ја видиме силата! Не само нему, туку и на сите мудреци, кои децении и децении наназад ни продаваат “мадиња како да се бубрези!”

Без разлика чија била иницијативата, на претседателот Пендаровски, или на партиите, таа треба референдумски, сенародно да се поддржи. Во услови кога патот кон Брисел сеуште ни е неизвесен (дури идејата ја поврзувам со таа корелација!), а европските вредности – далечни, оваа идеја, ако стане практика, конечно на Македонија ќе и го отвори патот кон нормалноста.

И уште нешто. Сум имал прилика да слушам, како, ваквото гласање ќе им дадело на Албанците три мандати повеќе. Еве, јас сум отворено – 6 мандати повеќе да добијат. Ама, не како Албанци, туку како граѓана на оваа кутра земја, подеднакво исцицана и од Албанци и од Македонции од сите други уставни и неиуставни категроии. Но, Албанците, односно нивните политички главешини, да не тактизираат повеќе со 3 или 4 изборни единици, со етничкиот калкулатор во рацете. Една – за сите и готово! Во спротивно се плашам дека во нечии глави сеуште егизитира сонот за нов политички систем (кантонален), кој би се спровел преку – изборниот модел!!!

После тоа народот ќе каже – кој и каде? Народот ќе каже кој беше за него аирот од “Мајскиот договор” на Ахмети и Груевски. Што за демократијата значи принципот – победник со победник, и дали нардот виде само “Д” од “демократијата” на тој принцип. Се што вредеше избега наедвор.Рака под рака и Албанците и Македонците и останатите!

Македонија како една изборна единица, без разлика чија е сега идејата и со каква позадина, ќе ги развласти политичките поглавици, сите султан партии и нивни приврзоци, ќе даде сигнал за каква таква правда и демократија во земјата. Ќе превенира пржински влади и ќе биде силна основа за за надминување на нашите перманентни политичкаи кризи и внатрешни превенирање, а богами ќе не поштеди и од нашите смешни кукумјакања пред портите во Брисел, Париз, Берлин…

“Чесната кокошка” – ВМРО ДПМНЕР да не се “неќка со уште едно крукче”, а СДСМ да не се предомислува – според старите навики!

Новиот генерален секретар на СДСМ, вели дека соопштението на Пендароски за пропрционалниот изборен модел со отворени листи, “било постулат и од нивната изборна програма”.

-Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, дециден е Љупчо Николовски.

Нека е така пријателе, ама така и да остане. Ние што подолго паметиме, знаеме и за други слични иницијативи, дојдени во зорзоман и за замајување на народецот. Како што велиш: “сепак,за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии” Така е. Ама, од вас да видиме дека навистина “сте подготвени за повторно отворање на ова прашање и за дискусија”. И во тоа да истраете, затоа што, пак те цитирам: “принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија”. Нели, “сакате да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки“?

Да не го заборавиме и ова: лидерот на СДСМ Зоран Заев во кампањата вети дека кога ќе победат на изборите веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица со отворени листи.

Секако, промена на изборниот модел е тема за која треба да се дискутира. Но, со чисти и искрени намери. Само со една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а во носењето на круцијалните одлуки за државата и граѓаните ќе партиципираат повеќе политички субјекти

Граѓаните не само што поддржуваат пропорционален модел, отворени листи и една изборна единица, туку гледаат спас во тоа

Мрежата за мултикултурно општество во периодот, пред повеќе години, спроведе електронска анкета, на примерок од 1.024 испитаници, во врска со можноста за промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија

На прашањето со каков изборен модел подобро ќе бидат претставени интересите на граѓаните во Македонија во Собранието на Република Македонија, околу 55 проценти одговориле дека се за пропорционален модел, а само 20 отсто претпочителе мнозински модел

Исто така, мнозинството беа за отворени листи, а скоро половината билое за само една изборна единица, а дури 7о посто беа за намалување на бројот на пратеничките столчиња..

Што мислите, какви би биле процентите денеска, после 4 години. Ќе најдете ли неккој жив, кој ќе дозволи влада од 26 министри, уште толку заменици, па советници, советници на советниците и за сиот тој безкрај врз грбот на граѓаните? Може ли денеска некој да го пресмета народниот бес од ендемската корупција, непотизмот до смешни граници – до дедото и бабата на функционерите!?

Во земјите произлезени од бившата југословенска федерација, веќе се применува изборниот модел со отворени листи и преференцијално гласање. Таму има една госпоша “саборска заступница” која самата победува во неколку мандати. Или, примерот со лидерот на МОСТ, Божо Петров,кој на листата за пратеници беше на последното, а не на прво место, но токму тој доби најповеќе гласови, не само од листата, туку доби повеќе гласови дури и од лидерите на ХДЗ и СДП – носители на прaтеничките листи.

Ете, тоа и треба на жална Македонија, за, кога тогаш – да се развесели!

Веле Митаноски

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести