Eдинствено што им преостана е заплaшувањето и заканите. Не ви се плашам !

Eдинствено што им преостана е заплaшувањето и заканите. Не ви се плашам !
6.03.16   15:01

Прочитано : 10,081

Print This Article

Од тоа што го има запишано Господ да се слуи не може да избега никој.Се плашам само од возвишениот Алах и никој друг.

Почитувани пријатели сакам јавно да Ви се обратам и да споделам со Вас дека последниве денови се зголемени заканите кон мене и моето семејство. Целта е јасна да ме вознемират и уплашат . Но им ставам јасно до знаење ним, дека ниту им се плашам ниту ме вознемируваат.

muhamed zekiri

Јас ќе продолжам да бидам тој што сум, истиот тој Мухамед кој што го познавате. Јас ќе продолжам со Вас да ги споделувам моите ставови за случувањата во нашава земја. На многумина може тоа да не им се допаѓа но јас нема да престанам да го кажувам тоа што го мислам.

Знам дека албанската пртија на власт ДУИ и нејзините г’золижачи се вознемирени и го имаат изгубено патот во сопствениот двор и единственото нешто што им преостанало е заплaшувањето и заканите кон неистомислениците. Не ви се плашам !!!

Од запишаното од Господ никој не може да избега. Еднаш сум се родил еднаш ќе умрам. До мојот последен здив ќе се борам против злото и злосторниците. Со почит Вашиот Мухамед Зеќири

Мухамед Зекири
фејсбук статус