Еден владика и двајца свештеници од СПЦ се позитивни на коронавирусот

Еден владика и двајца свештеници од СПЦ се позитивни на коронавирусот

Кај епископот ваљевски г. Милутин од Српската православна црква (СПЦ) е потврдено присуство на коронавирусот, како и кај двајца свештеници од оваа епархија. Во моментов, тројцата се наоѓаат во болницата во Белград, соопшти Кабинетот на епископот.

Како што е наведено во соопштението, никаква делегација, свештеници или верници не ја посетиле епархијата во последно време, а како што додаваат, и самиот епископ не патувал во ниту едно кризно подрачје заразено од коронавирусот.

„Од моментот на прогласување вонредна состојба во Србија, епископот Милутин не го напушти седиштето на епархијата и од самиот почеток ги почитуваше правилата на изолација. Тој прв ја донесе одлуката за прекин на осветувањето домови пред Велигден, имајќи предвид дека во Ваљево се појави вирусот и стравувајќи дека на тој начин може да се прошири заразата“, стои во соопштението.