Еден од обвинетите за „Рекет“ понудил да се спогоди со обвинителството и да сведочи

Еден од обвинетите за „Рекет“ понудил да се спогоди со обвинителството и да сведочи

Обвинителката Вилма Рускоска вечерва во изјава за медиумите откри дека еден од осомничените во првиот дел од истрагата за случајот „Рекет“ понудил да се спогоди со обвинителството и да сведочи, но такво нешто не се случило.

Таа рече дека не било поднесено официјално барање за спогодба, но остави простор и за таков исход. Русковска кажа дека утре ќе биде поднесено обвинение за овој случај.