Еден од најблиските соработници на Ердоган , ја напушти владејачката партија

Еден од најблиските соработници на Ердоган , ја напушти владејачката партија
13.09.19   21:57

Прочитано : 293

Print This Article

Ахмет Давутоглу , поранешен премиер на Турција и еден од столбовите на владејачката АКП партија , го напушти Ердоган.

Давутоглу најави дека ќе формира сопствена партија , пред да ја напушти владејачката АКП од која требало да биде исфрлен.

„Наша историска одговорност и должност кон нацијата е да формираме нова политичка партија“, рече Давутоглу, кој му беше премиер на Ердоган од 2014 до 2016 година.

На заминувањето од функцијата, тој вети дека никогаш нема да го критикува Ердоган во јавноста, но во јули ја прекина тишината во долго интервју, обвинувајќи ја АКП дека се оддалечува од своите цели и жали за одлуката на партијата да побара нови избори во Истанбул по тесната победа опозиција на изборите во март.

На новите избори во јуни, кандидатот на Ердоган повторно претрпе тежок пораз.

„Јас поднесувам оставка од членството во партија каде што служев чесно и на која и посветував многу напор со текот на годините“, додаде тој.

Извршниот одбор на АКП едногласно одлучи на почетокот на јули да го испрати пред Дисциплинскиот одбор за постапка за негово отстранување од партијата.

Објавувајќи ја својата оставка, Давутоглу рече дека одлуката на партиското раководство не е „многу сериозна“ и „неконзистентна“ со основните принципи на партијата.

Некои други истакнати членови на партијата, како поранешниот претседател Абдула Ѓул и поранешниот премиер Али Бабаџан, кои беа меѓу основачите на АКП, се дистанцираа од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Бабаџан, многу почитуван во економските кругови и се смета за одговорен за економскиот успех на партијата во првите десет години на власт, поднесе оставка од партијата на 8 јули. Тој смета дека на земјата и треба „нов вид политичари“.

Во интервју за весникот „Карар“ оваа недела, тој најави дека ќе формира своја партија до крајот на годинава и дека Ѓул ќе го поддржи.

  Категории: