ЕЦДЦ: Драматичен пораст на заболени лица од сифилис во Европа

ЕЦДЦ: Драматичен пораст на заболени лица од сифилис во Европа
12.07.19   18:32

Прочитано : 105

Print This Article
Sifilis

Бројот на заразени лица со сифилис бележи значителен раст во последните десет години и болеста првпат од 2000 година е почеста во некои земји од нови случаи на зараза со ХИВ, се наведува во најновиот извештај на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).

Во извештајот се наведува дека од 2010 година забележан е пораст од 70 проценти на сексуално преносливите болести пред се поради сексуални односи без заштита.

– Пораст на заразата со сифилис, што е забележан ширум Европа, е резултат на неколку фактори меѓу кои се сексуалните односи без заштита и одржување на односи со повеќе партнери, изјави Ендру Амато-Гаучи, експерт во ЕЦДЦ за сексуално преносливи болести.

Извештајот на ЕЦДЦ уследи откако Светската здравствена организација минатиот месец објави дека околу еден милион луѓе дневно се инфцираат со некоја сексуално пренослива болест.

Сифилисот беше меѓу водечките причини за смртност на бебињата ширум светот во 2016 година.

Според ЕЦДЦ над 260.000 случаи на сифилис се забележани во 30 држави во периодот од 2007 до 2017 година.

Во 2017 година бројот на нови случаи на сифилис достигна најголем број – над 33.000 пријавени случаи. Првпат од почетокот на 2000 година во Европа забележани се повеќе нови случаи на сифилис отколку инфицирани лица со ХИВ, се посочува во извештајот на ЕЦДЦ.

Проблемот варира од земја до земја, но стапката на заразени речиси двојно е зголемена во Велика Британија, Германија, Ирска, Исланд и на Малта, е речиси двојно е намалена во Естонија и во Романија.

  Категории: