Двегодишно дете почина на границата меѓу САД и Мексико

Двегодишно дете почина на границата меѓу САД и Мексико
16.05.19   09:40

Прочитано : 86

Print This Article

Како што јавија некои американски медиуми, се работи за четвртиот малолетник кој од декември починал откако бил задржан од гранична патрола.

Конзулот на Гватемала во Дел Рио, Теканди Паниагва, објасни дека детето и неговите родители на почетокот на април влегле во градот Ел Пасо на границата на САД со Тексас.

Тој наведе дека детето било однесено во болница, каде поради дијагностицирано запаление на белите дробови останало еден месец, но починало во вторникот.

Заштитниците на правата на мигрантите долго време го поставуваат прашањето за способноста на граничните патроли да се грижат за илјадници приведени деца и нивните родители, потсетуваат американските медиуми.

  Категории: