Две години подоцна: Меган Маркл го покажа вереничкиот прстен вреден 600.000 долари (ФОТО)

Две години подоцна: Меган Маркл го покажа вереничкиот прстен вреден 600.000 долари (ФОТО)
25.06.19   15:49

Прочитано : 273

Print This Article
м

Кралската двојка, поточно принцот Хари и Меган Маркл од неодамна се појавија на едно традиционално собирање во Лондон, по кое сите зборуваат за војводката од Сасекс.

Иако направија голема кралска свадба, сепак Меган сега го покажа вереничкиот прстен, две години откако принцот прв пат и го подари.

Хари во 2017 година својата понежна половина ја запроси со прстен кој на себе има два дијаманти од личната колекција на неговата мајка – принцезата Дајана и е во вредност од 600.000 долари.

Прстенот има полн обрач од жолто злато, два помали дијаманти и еден голем дијамант, кој сам го избрал принцот Хари, а го купил од Ботсвана, од каде носи со себе своја многу важна симболика – со оглед на тоа што првото заедничко патување им е токму на тоа место.

  Категории: