Два концерта на Филхармонијата во Градскиот парк за крај на сезоната

Два концерта на Филхармонијата во Градскиот парк за крај на сезоната
11.06.19   15:11

Прочитано : 351

Print This Article
Филхармонијата и годинава крајот на сезоната ќе го одбележи на отворено во Градскиот парк, овојпат со два концерта, на 23 и на 29 јуни од 21 часот. Ги организира во соработка со Младинскиот културен центар и Град Скопје. Концертот на 23 јуни е насловен „Ну, Погоди“, ќе бидат изведени теми од познати цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го обележаа детството на генерациите од 1970-тите и 1980-тите години: „Балтазар“, „Ну, Погоди“, „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Мечето Ушко“…, проследени со видеопроекција и со светлосен дизајн. Аранжманите се  на Владимир Николов, диригент е Џијан Емин. Вториот концерт на 29 јуни  е насловен „Љубов и револуција“ и повторно ќе го води Џијан Емин, во чии  аранжмани ќе бидат изведени  меѓу најпопуларните песни од поп-рок и панк-музиката која претежно ги одбележа 1990-тите години. Заедно со оркестарот на Филхармонија ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент Сашо Татарчевски е главниот носител на проектот. Ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“… – И овој концерт, како и првиот, претставува уникатна идеја во смисла  тип на композиции да бидат изведени од симфониски оркестар и хор, што е ретка практика и во светот, соопшти Филхармонијата.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести