Двајца убиени во грабеж на казино на патот Скопје – Блаце

Двајца убиени во грабеж на казино на патот Скопје – Блаце

Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, дознава “360 степeни”. Од МВР, каде се обративме за повеќе детали, засега нема официјална информација.

Неофицијално, настанот се случил во казиното “Вегас” меѓу 4 и 5 часот наутро. Група маскирани и вооружени влегла во објектот, пукала, ги украла парите од прометот и побегнала. Притоа, смртно биле застрелани две лица.

Повеќе детали за крвавиот настан очекуваме од МВР.

Казиното “Вегас” и во минатото беше мета на грабежи.