ДУИ: Изразуваме целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури извршија упад во работата на ИВЗ

ДУИ: Изразуваме целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури извршија упад во работата на ИВЗ
23.04.19   23:01

Прочитано : 2,507

Print This Article

Демократската унија за интеграција изразува целосно незадоволство од начинот на кој одредени структури вечерва извршија упад во работата на Исламската верска заедница.

„Република Северна Македонија е секуларна држава, и независноста на верските заедници претставува уставна категорија, која државата и институциите треба да ја гарантираат.

Како политичка партија имаме апсолутна поддршка за автономијата на Исламската верска заедница, и сметаме дека единствено надлежни за разрешување на нивните внатрешните спорови, претставуваат органите на институцијата, а не органите на државата или политичките партии.

Апелираме и очекуваме од Владата, судовите и останатите државни институции да се однесуваат согласно уставните начела на автономност и независност на верските заедници и соодветно на тоа, во целост да ги почитуваат одлуките на органите и телата на Исламската верска заедница“, стои во соопштението на ДУИ.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести