Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми

Дождот во Охрид повторно ги исфрли на површина старите проблеми
14.06.19   22:35

Прочитано : 967

Print This Article

Невреме проследено со интензивни врнежи од дожд попладнево го зафати Охрид.

Неколкуте десетици минути колку што врнеше дождот ги исфрли на површина проблемите со одводот и канализациската мрежа во Стариот дел на градот.

При секој посилен дожд канализациската мрежа не може да ја прифати атосферската вода, која избива од шахтите и на површина ги исфрла фекалиите, што и не е некоја глетка, како за мештаните особено за туристите.

  Категории: