Досега во Скопје изречени 16 казни за правење ајвар

Досега во Скопје изречени 16 казни за правење ајвар
4.10.16   23:22

Прочитано : 773

Print This Article

Уривање на македонската традиција или заштита на природата – граѓаните поделени околу казните за правење ајвар пред зградите, пренесува 24 Вести.

ajvar

Оваа сезона, само од Град Скопје се изречени 16 вакви казни. Нагласуваат дека бројката е поголема, бидејќи секоја општина има надлежност да казнува, а казни пишува и полицијата ако на лице место затекне граѓани како прават ајвар. Дел од граѓаните се револтирани и велат дека ќе ја продолжат традицијата и покрај казните, бидејќи домашниот ајвар е најисплатлива опција.

Законот за јавна чистота од 2008 година предвидува 50 евра казна за поставување ќумбе на јавна површина и оставање неред. Тоа би значело дека правењето ајвар на дворските површини на зградите и во парковите околу нив не е дозволено. Дел од граѓаните пак, велат дека казните се потребни.

Во одредени општини, во кои доминираат куќи помала е и веројатноста за казнување. Од општина Ѓорче Петров велат дека на нивна територија жителите на оние малку згради, прават ајвар во дворовите на соседите, бидејќи законот не вклучува и приватни површини. Од општина Кисела Вода пак, велат дека локалната инспекција не забележала ќумбиња.

  Категории: