Досега скенирани се околу 2 милиони фискални сметки за поврат на ДДВ

Досега скенирани се околу 2 милиони фискални сметки за поврат на ДДВ
13.07.19   14:43

Прочитано : 162

Print This Article

Oд први јули, кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто до платениот ДДВ, до сега апликацијата ја симнале 120.000 граѓани.

Скенирани се близу 2 милиони фискални сметки со кои остварен е промет од близу 17 милиони евра. На оваа сума пресметан поврат на ДДВ од над 260 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат дури во декември. Од УЈП се задоволни од досегашната реализаицја на оваа мерка и ефкетите кои се во насока на справување со сивата економија.

Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки, велат од УЈП.

И покрај сомнежите кои излегоа во јавноста околу безбедноста на апликацијата од УЈП некок пати посочија дека граѓаните се максимално заштитени.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести