Дополнителни часови за учениците како да бидат побезбедни на интернет

Дополнителни часови за учениците како да бидат побезбедни на интернет
15.04.19   12:17

Прочитано : 32

Print This Article

Тетовската полциија започна превентивно-едукативен проект со цел да им предочи на учениците од основните училишта дека можат да се соочат со законски последици при евентуална злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи на интернет, но и како да се заштитат од истите постапки. Проектот насловен „Сурфај, но внимателно споделувај“ го спроведува Отсекот за превенција во соработка со локалните самоуправи од Тетовско и Гостиварко.

-Стручно обучени полициски службеници, на посебни часови ќе им објаснат на учениците како и на што треба да внимаваат кога споделуваат лични податоци и фотографии на социјалните мрежи, односно како најефикасно да се заштитат од злоупотреби на нивните податоци, фотографии или снимени видео-клипови. Учениците, исто така, поблиску ќе бидат запознати и со законските импликации доколку тие случајно или намерно злоупотребуваат лични податоци на други лица-изјави портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.

Предвидено предавањата од проектот да ги следат 3500 седмоодделенци од вкупно 215 паралелки во 92 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје следат настава на македонски, албански и турски јазик. Полициските службеници проектот ќе го спроведуваат до крајот на мај.

  Категории: